Поради тешката економска ситуација во која се наоѓаме, постојат неколку работи за кои треба да размислите пред да дадете отказ
Кога вашиот шеф ќе ве побара на телефон во 7 часот наутро, а вашите колеги постојано измислуваат разни изговори, ви доаѓа да испратите меил и да побегнете.
Сепак секој иден шеф може да биде уште полош, а постои ризик и година дена да ги поминете дома пред телевизор. Еве неколку основни прашања за кои треба да размислите пред да го напуштите вашето работно место.
Како ќе заработите пари?
Постојат безброј алтернативни начини да заработите пари, затоа бидете креативни. Привремената работа ќе ви помогне да не го изпразните вашиот паричник до крај.
Дали имате добри врски?
Доколку немате сега е време да ги побарате! Потрудете се да не одите на тековното работно место без препораки. Ако мислите дека вашиот шеф решил вашиот живот/кариера да ви го претвори во ноќна мора, замолете некој од вработените или менаџерот за човечки ресурси да ви ја напишат.
Дали имате заштеди?
Без разлика колку чудни и различни работни места да промените, ќе бидете под голем стрес доколку немате никаква заштеда.
Ако не сте штеделе, сериозно размислете да останете на работа уште некое време се додека не заштедите некоја одредена сума на пари.
Дали сте флексибилни?
Сигурно сте навикнале вашето работно време да биде од 8 до 17 часот, но решени сте да најдете нова работа па морате да прифатите и други услови?
Сепак ако дефинитивно сте одлучиле да ја најдете работата од вашите соништа или пак само подобро работно место, само напред.