До крајот на оваа 2020 година ни следува уште еден продолжен викенд, а тоа е на 23 октомври, Денот на Македонската револуционерна борба кој паѓа во петок.
Вкупно остануваат уште 2 неработни денови за сите граѓани на Македонија до 2021 година, а тоа се:
23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;
8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;
За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.