Учениците практичната работа ќе ја изведуваат во германската корпорација КИЕЛ која има фабрика во тетовско Желино
Девет ученици од средното стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово ќе бидат вклучени во паралелка во која ќе се применува дуално образование, односно практичен дел од наставата ќе изведуваат во соодветна компанија.
Станува збор за паралелка за техничар за производство машинство, а учениците практичната работа ќе ја изведуваат во германската корпорација КИЕЛ која има фабрика во тетовско Желино.
Практичната настава ќе се одвива со ментор за ученикот, а компанијата, пак, ќе дава надоместок за практичната работа. Доколку учениците се покажат може да се добијат и други бенефиции.
Во иднина, од училиштето најавуваат дека ќе има уште една паралелка.
Групацијата КИЕЛ изработува системи за седење за возови, и за автобус во рамки на фабриките низ Европа.
Во првата година фокусот е ставен на теоретското знаење, додека практичната работа ќе започне во втора година од образованието на учениците.