Пристигнувањето и престојот на работа не мора да ви предизвикува превртување на желудникот – обидете се да го направите работниот простор забавен, да го декорирате, вежбајте, дружите се со колегите …
Ако сте меѓу оние кои веќе немаат мотивација и желба да одат на работа, бидејќи платата постојано им доцни или е се помала, додека барањата на работодавачот стануваат се поголеми, не очајувајте. Пробајте нешто друго – направете го работното место позабавно. На работа, сепак, ќе потрошите една третина од вашиот живот, па обидете се од тоа да го извлечете максимумот.
Декорирајте го просторот – Белите ѕидови и флуоресцентни светилки тешко ќе ве инспирираат да го дадете најдоброто од себе. Ако корпоративната политика го дозволува тоа, збогатете го просторот со растенија и лични детали, на пример, фотографирајте се со колегите во “луди” пози и направете голем постер.
Вежбајте – воведете правило на секој два часа да имате пет минути вежби. Што и да правите во тој момент, секој ја напушта работата и во договореното време станете и вежбајте пет минути. Не само што вашето тело ќе ви биде благодарно, туку и серотонинот ќе го разниша вашиот мозок.
Излезете надвор – Ако природата на работата тоа ви го дозволува, зошто да не одржувате состанок во парк, кога има убав ден? Свеж воздух, прекрасна природа и амбиентални промени ќе направат да се забавувате, и да бидете покреативни.
Играјте игри – Повеќето компании кои се занимаваат со нови технологии имаат простории за игри во нивните згради, каде што вработените уживаат кога не им е до работа. Вие не морате целата просторија да ја посветите на игрите, но пикадо и антистрес играчки кои не зафаќаат многу простор ќе го направат вашиот работниот простор многу позабавен.
Дружете се – одвреме-навреме одете на пијачка после работа со своите колеги од канцеларија. Така се гради тимскиот дух, се зајакнуваат односите, а атмосферата во канцеларија ќе биде позабавна.