Од УЈП информираат дека парите на граѓаните ќе бидат вратени за два дена, односно повратот од ДДВ ќе го добијат во утре или задутре на своите сметки
Управата за јавни приходи ги достави налозите за повратот на ДДВ на граѓаните од мерката Викенд без ДДВ, а исплатата ќе се врши од утре. На сметките на оние што скенираат фискални сметки и направија промет во Викендот без ДДВ ќе легнат над 66 милиони денари.
Од УЈП информираат дека парите на граѓаните ќе бидат вратени за два дена, односно повратот од ДДВ ќе го добијат во утре или задутре на своите сметки.
Мерката Викенд без ДДВ е дел од четвртиот сет антикризни мерки кои се во вредност од 470 милиони евра, а целта да се придонесе за намалување на ефектите од ковид-кризата и да се поддржат граѓаните и стопанството. Се реализираше на 10,11 и 12 октомври 2020 година и предвидуваше поврат на целиот износ на платениот ДДВ за купени македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема.
Во трите дена 204.088 граѓани купиле македонски производи или услуги и компјутерска опрема и беа скенирани три пати повеќе фискални сметки, а остварениот промет беше за 9,5 пати поголем во однос на истиот викенд лани.
Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558.176.715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66.853.929 денари.