Илон Маск и Марк Цукерберг важат за претприемачи чии бизнис идеи го променија светот, а на нив им донесоа планетарна популарност и милијарди долари на сметка. Иако Tesla Motors и Facebook се производ на нивните генијални идеи, сепак целото богатство и успех не можат да си го препишат само на себе, туку многу од заслугите ги имаат нивните вработени.
Тие користат некои од овие техники за да го извлечат најдоброто од вработените, а не секогаш тоа е поврзано со парите.
Нека почувствуваат вработените дека се “душата“ на компанијата
На секој вработен му е важно компанијата во којашто работи да му пружи сигурност, но и да му даде шанса за развој. Тоа значи дека е платата и осигурувањето се важни, но исто така и нивното активно вклучување во сите процеси, решавање на предизвици, донесување важни одлуки, се значајни за секој вработен, кој ќе биде уште повеќе мотивиран да се залага за доброто на компанијата. Маск е препознатлив по тоа што ги инволвира вработените во сите процеси, поставувајќи им прашања од типот: Како да го направиме тоа? Колку тоа ќе чини?…
Не заборавајте да комуницирате
Комуникацијата е изворот на сите важни информации, но ако некаде се појави проблеми и таа затаи, во тој случај очекувајте сериозни проблеми. Во една прилика, Маск се соочил со проблем, па ги замолил своите вработени ако наидат на некаков предизвик, пречка или проблем, да не се колебаат и да му пишат мејл за да му се обратат и заеднички да најдат решение.
Сакајте ја работата
Ако ги следите јавните настапи на Цукерберг, ќе сфатите дека секогаш кога раскажува за некој свој проект, во тоа внесува многу страст и зборува со многу љубов. Таквиот посветен пристап ги мотивира вработените, но и инвеститорите влевајќи им верба дека она што го слушаат навистина е така и дека се создава силна врска меѓу проектот и индивидуите. Ако во нешто толку силно верувате или го посакувате, не се срамете, туку покажете го тоа пред вработените и тие веднаш ќе го препознаат тоа. Истото е и кога се сомневате во нешто, се плашите од нешто или не сте сигурни, бидејќи и таквите емоции би можеле да ви помогнат полесно да ги перципирате ситуациите да најдете оптимално решение.
Не престанувајте да учите
Никој ниту се родил учен, ниту треба да престане да учи низ животот. Секоја нова научена лекција ќе ви помогне да бидете подобри, помудри и поуспешни во она што го правите. Лидерите се тие што треба да имаат најголема глад и жед за учење, па тоа да го пренесат и на своите вработени. Во исто време, важно е да не штедат пари и време за обуки, семинарии и доедукација бидејќи така инвестираат во знаење и посилни професионални вештини што ќе се исплатат за компанијата.