Во 2019 година, во Германија се издадени 85.434 дозволи за престој за жителите на Западен Балкан. Кога таа бројка ќе се подели на 365 дена, доаѓаме до пресметката дека нешто повеќе од 230 Балканци секој ден заминуват во најсилната економија на Европската унија
Податоците исто така покажуваат дека нешто помалку од 22.000 Срби ја добиле првата дозвола за престој во Германија минатата година, како и околу 15.000 граѓани на БиХ.
Нешто повеќе од 12 000 луѓе ја напуштиле Македонија и Албанија.
Оние кои се иселуваат најчесто се вработени во помали компании од областа на угостителството и производството, но и во здравството, металната индустрија, градежништвото, земјоделството, услугите за чистење ... За повеќето од овие работни места, не им треба познавање на јазик, иако е пожелно, додека во здравството тоа е задолжително.
Највисоки плати, до 4.000 евра, заработуваат професионалните возачи. Работа во домаќинство чини 30 евра на час, работниците од обезбедувањето можат да заработат 1.800 евра месечно, а вработените во кланицата најмногу до 2.000 евра. Медицинските сестри добиваат 2.300 евра месечно, а медицинските сестри за стари лица 1.800 евра.