Британскиот бизнисмен Метју Мет Молдинг направи една од најголемите исплати во историјата на Велика Британија откако скокна цената на акциите на неговата компанија „Хут Груп“ и со тоа стана милијардер. Потоа, Молдинг си заработи неверојатни 933 милиони евра за себе, пишува Форбс.
Сепак, овој бизнисмен покажа почит и грижа и за оние кои стојат зад успехот на неговиот бизнис - неговите вработени. Во знак на благодарност, тој минатата година им подели околу 23 милиони евра, а некои од нив поради тоа станаа милиониери.
Никој не доби помалку од неколку стотици илјади, изјави сопственикот.
Така на пример, асистентката на Молдинг заработи толку многу пари од акциите што се пензионираше на само 36 години.
Својата компанија тој ја започна во 2004 година со Џон Галемор, а со 16 години работа стигна до огромно богатство.
Според него, тој со својата компанија многу доцна настапил на интернет. Првото нешто што започна да го продава преку интернет беа ЦД-а, а сега тој се прошири на повеќе од 100 веб страници.
Фокусот на неговиот бизнис е главно здравјето и убавината, а исто така продава и производи, од козметика до додатоци на протеини.
Иако „Хут Груп“ беше лансирана на берзата во септември, цената на најзините акции нагло се зголеми, а од тоа не профитираше само Молдинг, туку и неговите вработени.