Околу 15.000 работни места се изгубени во време на корона пандемијата. Тоа го соопшти вчера министерот за економија , Крешник Бектеши, повикувајќи се на податоците од Агенцијата за вработување.
Министерот не верува дека враќањето на дијаспората го зголемува бројот на невработени, ниту досега, како што рече, имал прилика да види такви анализи.
Секако дека имало многу наши сограѓани кои биле дел на сивата економија и во време кога се правеше регистрацијата во Агенцијата за вработување ја користеа можноста да се пријават и сега одат да добијат државна помош или гарантирана минимална помош и додатоци. Но, не сум видал такв анализи дека нашите сограѓни кои живеат надвор го зголемуваат бројот на невработени. Од пандемијата во Македонија моментно има невработени околу 15.000 граѓани, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по денешното потпишување Меморнадум за соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија.
Извор: Сител