7.600 лекари, медицински сестри, болничари и помошен персонал кои биле вклучени во лекувањето на пациенти заразени со Ковид-19 ќе добијат еднократна парична помош од 30.000 денари.
По 30.000 денари ќе добијат 7.600 вработени во здравствените установи кои работат со ковид пациенти, соопшти вчера министерот за здравство, Венко Филипче.
Тие се нашите херои кои пожртвувано работат цела измината година. Нивниот труд го вреднуваме и поради тоа одлучивме да им дадеме еднократна награда. Здравствените работници се во првите борбени редови и даваат се од себе за да спасат човечки животи. Ви благодарам што неуморно го давате својот максимим за подобро здравје на нашите најсакани - семејство, пријатели, нашите граѓани, вели Филипче.
Парите на сметките ќе ги имаат за новогодишните празници, изјави министерот за здравство Филипче.
Извор: Прес24