Со децении Икеа украсуваше и опремуваше домови ширум светот. Сега нашата омилена шведска компанија прави уште еден чекор напред со создавањето на својот прв мал дом. Со акцент на одржливоста, најновиот производ на Икеа не жртвува луксуз или комфор, и покрај неговата компактна големина.
Според Lonely Planet, компанијата соработува со Vox Creative и Escape за дизајнирање на малиот дом со еколошки карактеристики. Ингвар Кампрад, кој почина на 91 година, беше основач на ИКЕА, компанија за мебел што направи револуција во дизајнот на ентериер во домовите на луѓето од средната класа ширум светот.
Изграден како дел од проектот Ikea Tiny Home, првиот производ е прилагодена верзија на моделот Escape Vista Boho XL. Дополнителни карактеристики вклучуваат соларни панели, тоалет за компостирање и снабдување со топла вода, пренесува Lonely Planet.
Потребни се 60 дена за да се заврши овој дом, а високиот менаџер за дизајн на ентериер на Икеа, Аби Старк изјави дека „сака да користи материјали за обновување, за повеќекратна употреба и за рециклирање секогаш кога е можно за да го направи просторот функционален и убав“.
Цената на моделот Ikea BOHO XL од Escape започнува од 47.550 долари. Можете да направите виртуелна обиколка на домот тука.