За октомври и ноември има вкупно 3.859 регистрирани новоневработени лица во земјава
И покрај мерката за помош на компаниите за исплата на плати на своите вработени, сепак, во октомври и во ноември имало отпуштања од работа, покжуваат податоците на Агенцијата за вработување.
Како што говорат бројките, во ноември годинава бројот на невработени достигнал 155.218 граѓани, што е зголемување за еден месец за 1.419 лица. Додека, пак, во октомври се регистрирани 2.440 нови неврабтени, ако се има предвид дека на крајот на тој месец бројот на невработени лица изнесувал 153.799, наспроти 151.359 невработени колку што биле пријавни во Агенцијата на крајот на септември.
Или, за октомври и ноември има вкупно 3.859 регистрирани новоневработени лица во земјава.
Сепак, надлежните уверуваат дека не сите нови невработени се последица на отпуштања поради ковид кризата. Односно, и во официјалната статистика на Агенцијата за вработување се нагласува дека заклучно со крајот на ноември, се евидентирани 16.381 невработени лица по основ на корона кризата, и тоа почнувајќи од 11 март годинава, кога беше прогласена пандемијата.
Целиот текст прочитајте го на faktor.mk