Основачот и директор на Zoom, Ерик Јуан стана милијардер пред да биде прогласена пандемијата на коронавирусот, а сега е еден од стоте најбогати луѓе во свето, пренесе CNBC
Zoom е основана во 2011 година и до јуни, 2014 имаше 10 милиони корисници.
Во март, 2019 година Zoom излезе на јавната берза и ги импресионираше вложувачите со комбинацијата од брз раст и профитабилност. Акциите на 28 април 2019 година се зголемија за 72 проценти, а Јуан стана милијардер.
За време на пандемијата, тој стана еден од стоте најмоќни луѓе во светот. Според FactSet, неговите акции вредат скоро 17 милијарди долари.
Скоро година дена по појавата на коронавирусот, луѓето сè почесто работат од дома и се служат со видеоповици. Zoom стана неопходен.
Но, ширењето на Zoom не беше така лесно. Во 2019 година, откако компанијата стана интерес за инвеститорите, сè почести беа прашањата поврзани со безбедноста на софтверот и приватноста на корисниците.
Потоа, на ред дојдоа и врските на Јуан со Кина. Јуан за сите обвинувања се огласи со пост на неговиот блог, потсетувајќи ги американските политичари дека живее во САД од 1997 година, а американски државјанин станал во јули, 2007 година.
„Zoom е американска компанија, основана во Делавер, Калифорнија и јавно тргува на NASDAQ“, соопшти Јуан.