Од „Алкалоид“ додаваат дека грижата за вработените, заедницата, за потрошувачите, акционерите и за сите иматели на удели во компанијата се цврсто втемелени во корпоративната политика на „Алкалоид“ АД Скопје, а таквите заложби ќе продолжат и во иднина
Во контекст на отежнатите услови за работа предизвикани од светската здравствена криза, а по повод новогодишните и божиќни празници, „Алкалоид“ одлучи да исплати еднократен линеарен паричен надомест за вработените во нето-износ од 25.000 денари. Компанијата, и покрај неизвесноста која владееше во првиот квартал од 2020 година, во март на своите вработени веќе им исплати регрес за годишен одмор во нето-износ од 26.718 денари.
Во декември годинава во „Алкалоид“ АД имало 2.371 вработен, од кои 1.832 од земјава и 539 во подружниците во странство. Во текот на 2020 година во компанијата се реализираа 209 нови вработувања.
Од „Алкалоид“ додаваат дека грижата за вработените, заедницата, за потрошувачите, акционерите и за сите иматели на удели во компанијата се цврсто втемелени во корпоративната политика на „Алкалоид“ АД Скопје, а таквите заложби ќе продолжат и во иднина.
„Годината која следува е исполнета со голем број неизвесности, но ние ќе останеме посветени на исполнување на очекувањата на пазарот и на испорачување врвен квалитет на нашите производи и услуги. Посакуваме во годината на 85. јубилеј на „Алкалоид“ АД да се радуваме заеднички на нови успеси, повисоки достигнувања и на ЗДРАВЈЕ пред сѐ, велат од Алкалоид.
Целиот текст прочитајте го на faktor.mk