Оваа Нова година ќе помине без снег и снежна покривка барем во градовите, додека снег веќе има на повисоките планински места низ државава, вели метеорологот Славчо Попоски
Објаснува дека за време на новогодишната ноќ ќе имаме променливо облачно време, можни се и слаби локални врнежи од дожд, а на планините слаб снег. Температурата ќе се движи во интервалот од -2 до 6 степени.
„На првиот ден од новата 2021 година исто така ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините. Максималните дневни температури на првиот ден од новата година ќе се искачат во интервалот од 7 до 14 степени, што значи и понатаму очекуваме натпросечно високи температури на воздухот. Според моменталните анализи со кои располагаме, без снег ќе ги поминеме и Божиќните празници. Но, со оглед дека има време до тогаш, промени во прогнозата се сѐ уште можни, па се надеваме дека конечно овој Божиќ децата и многу други од нас ќе му се радуваат на снегот и на снежната покривка. Подетални и посигурни информации за временската состојба за Божиќните празници ќе имаме понатаму“, рече Попоски за faktor.mk.