Регулаторната Комисија за енергетика објави дека во согласност со методологијата што ја користи за пресметка на цените на горивата, од вчера на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1,64 проценти.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 4 јануари 2021 година.
Oд ноќеска на полноќ бензинoт Еуросупер БС-95 ќе се продава пп цена од 62 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 63,5 денари/литар, а цената на Еуродизелот ќе изнесува 53,5 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888 ден/кг и ќе изнесува 29,651 ден/кг.