Јануари е синоним за прв месец во годината, нов почеток, празници, подароци, семејни средби… Сето ова го прави да биде и најдолгиот месец којшто за многумина е вистински предизвик како да се преживее.
Семејниот буџет најверојатно е во црвено, бидејќи празниците се како создадени за купување храна, облека, податоци… Штом заврши празничната еуфорија, направете детоксикација од обилни оброци. Исто така, средбите со блиските не мора да бидат во ресторани, туку организирајте се во домашни услови за да не се оптовари вашиот паричник.
Доколку имате деца, најверојатно под елката имате безброј грицки, чоколади и бонбони. Затоа, овој месец ќе заштедите на овие помалку хранливи производи, што можат да бидат и голема ставка во семејниот буџет. Бидете мајстор во кујна и обидете се паметно да ги искористите остатоците од празничната трпеза. Замрзнете ја онаа храна што го дозволува тоа или “трансформирајте“ ја во друг вкусен оброк.
Ако немате доволно финансии, може да направите таканаречена финансиска гимнастика, односно да ги прескокнете издатоците и режиските трошоци за тековниот месец. За утеха може да биде тоа што по долгиот јануари, следи краткиот февруари од “само“ 28 дена, па ќе можете да ги покриете финансиските дупки.
Искористете го јануари, да направите динамика на приходите и расходите во текот на годината, за да направите буџет во којшто, освен за секојдневни потреби, треба да оставите простор и за поголеми финансиски издатоци (летен одмор, купување поголем апарат за домаќинство, реновирање на домот, нов автомобил…)