Сите граѓани кои што ќе купат и ќе вградат уред на погон на течен гас (ТНГ), или метан во возилата ќе имаат можност да остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари.
Ова мерка, која се реализираше во 2019 година, а минатата година беше прескокната поради корона кризата ќе продолжи и годинава.
Јавниот повик за оваа мерка ќе биде објавен во третиот квартал од годинава.