Со цел да се одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради КОВИД-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ Македонија најде решение за барањето за брзи антиген тестови направени непосредно пред заминувањето на патникот.
Почнувајќи од 24-ти јануари, лабораторијата Жан Митрев ќе распореди свое мобилно амбулантно возило за тестирање пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници Departures C, каде што патниците ќе можат да го извршат потребниот брз антиген тест и да го добијат резултатот за 15 до 20 минути од земањето примерок.
Подвижното возило за тестирање на Жан Митрев Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина и Центарот за истражување применета микробиологија и биотехнологија, ќе биде присутно на Меѓународниот Аеродром Скопје, недела (24.01. 2021), од 9 до 15 часот, следејќи го редовниот дневен распоред на летови.
Целта е да им се обезбеди опција на нашите патници кои заминуваат кон дестинациите во Германија, со цел тие да имаат доволно време да извршат брз антиген тест, пред да влезат во зградата на аеродромот и да почнат со аеродромските процедури, ако тестот веќе не го направиле пред нивното пристигнување на аеродромот.
Подвижното амбулантно возило за брзо антиген тестирање на лабораторијата Жан Митрев, ќе биде присутно на скопскиот аеродром и во следните денови, следејќи ги времињата на летовите до дестинациите/земјите коишто ги воведоа новите ограничувања за патување.
За повеќе детали во врска со самиот тест, контактирајте ја лабораторијата Жан Митрев, на телефонскиот број +389 2 3091484 (од 8 до 19 часот од понеделник до петок; од 8 до 15 часот за време на викендите) како и преку другите контакти достапни на нивната веб-страница, додека за повеќе информации во врска со тестовите што ги прифаќаат земјите од ЕУ/Шенген, контактирајте ја Амбасадата на земјата на вашето пристигнување.
Доколку одлучите да направите брз антиген тест на Меѓународниот Аеродром Скопје, со цел да не се создава метеж пред аеродромската зграда, се апелира да пристигнете на аеродром навреме, најмалку три часа пред времето на полетување.
Од денеска, Холандија бара негативен брз антиген тест не постар од четири часа пред качување во авион, како дополнување на нивното барање за негативен PCR-тест кое е валидно од 29-ти декември 2020 година (следниот лет од скопскиот аеродром до Ајндховен е на 29 јануари); Германија бара негативен КОВИД-19 тест не постар од 48 часа и притоа ги прифаќа следните тестови: PCR, LAMP (loop-mediated isothermal amplification), TMA (transcription-mediated amplification) и брзи антиген тестови одобрени од СЗО; Франција бара негативен PCR-тест не постар од 72 часа.