Годишното рангирање на најдобрите работни места во Соединетите Американски Држави се заснова на неколку критериуми – висина на плата, отворени работни места, рамнотежа меѓу работата и приватниот живот, како и нивото на стрес.
„Ниту една работа не ни одговара на сите, но повеќето од најдобрите имаат неколку заеднички работи“, според годишното рангирање на „најдобрите работни места“ за 2021 година.
За прв пат по три години, програмерите не се на врвот на листата на најдобри работни места. Стоматолозите исто така испаднаа од најдобрите 5 оваа година и се на 9-то место на листата.
На врвот на листата за најдобри работни места годинава се искачи работното место „помошник лекар“ со просечна плата од 112.260 долари годишно, а потребно образование е магистер. Следно е „софтверски програмер“ со просечна плата од 107.510 долари годишно, за што е потребна факултетска диплома. На третото место е „медицинска сестра“ со просечна плата од 110.700 долари годишно, за што е потребно образование магистер. Следува потоа „менаџер за медицински и здравствени услуги“ со просечна плата од 100.980 долари годишно, а потребно е факултетско образование и лекар со просечна плата од 206.500 долари годишно, за што се бара докторат.
Истражувачите ги разгледале работните места со најголем проектиран број и процент на отворања од 2019 до 2029 година, утврдени од Американското биро за статистика на трудот. Потоа, тие разгледаа низа други фактори рангирани на скала од 1 до 10, како што се ниво на стрес, идни перспективи за кариера, стапка на невработеност и предвиден десетгодишен раст на бројот на овие работни места.
Посебно рангирање на Glassdoor за „50-те најдобри работни места во Америка“ за 2020 година ги рангираше Java програмерите на врвот на листата (просечна плата 90.830 долари). Веднаш зад нив се data scientist (просечна плата 112.736 долари), Менаџер на производи (просечна плата 121.107 долари), архитект на големи системи (enterprise architect) (просечна плата 131.361 долари), инженер за развој (просечна плата 110.003 долари).
Резултатот на Glassdoor беше одреден со мерење на три фактори: потенцијал за заработка (просечна годишна основна плата), вкупен резултат на задоволство од работата и број на слободни работни места. За да може да се разгледа одредена работа воопшто, мора да се добие најмалку 100 извештаи за плати и најмалку 100 оценки за задоволство од работата што ги споделуваат американските работници во текот на една година.