Мерцедес бенц ќе отповика 1.292.258 возила поради грешка во системот за итни повици.
Од германскиот автомобилски џин утврдиле дека во некои нивни возила привремениот колапс на напојувањето на комуникацискиот модул предизвикан од сообраќајна несреќа би можел да испрати во базата погрешна локација на возилото, соопшти портпаролот на компанијата.
Било утврдено дека останатите функции на автоматскиот и мануелниот систем за итни повици остануваат целосно оперативни и дека Мерцедес бенц Америка не е запознаен со ниту еден случај на материјална штета или лични повреди поради овој проблем.
Во моделите кои се отповикуваат влегуваат ЦЛА, ГЛА, ГЛЕ, ГЛС, СЛЦ, А, ГТ, Ц, Е, С, ЦЛС, СЛ, Б, ГЛБ, ГЛЦ и Г, информира Асошиејтед прес.
Отповикувањето следи откако Мерцедес бенц дознал за судир во Европа во кој автоматскиот систем за итна помош испратил неточна локација на возилото. Моделите кои се отповикуваат се произведени меѓу 2016 и 2021 година.