Седењето во истата просторија со потенцијален работодавец повеќе не е потребно како прв чекор во интервјуата.Со почетокот на пандемијата се научивме да живееме, на еден поинаков начин на живот. Токму поради тоа, менаџерите се повеќе и повеќе користат технологии како Скајп, Зум и Тимс, за да ги заменат лице-во-лице состаноците, посебно кога кандидатот и вработувачот се на различни локации.
Но, она што вас би ве интересирало сигурно е дали “знаете ли како да направите добра имресија преу компјутерскиот екран”?
Како ќе се однесувате на интервју може да има разика во тоа дали ќе се вработите или не. Ние ви нудиме 8 најдобри совети од искустните регрутери во Торчлајт, главните барачи на маркетери и комуникации во Вашингтон , кои би требало да ги примените на следното онлајн интервју.
1.Бидете професионални
- Можеби вистина интервјуто е од дома , но сепак станува збор за формално интервју, така да бидете формални во начинот на облекување и начинот на зборување.
2. Облека
- Ако одевте на интервју во живо , ќе се облечевте во формална облека така? Истата професионалност на интервју со физичко присуство задржете ја и на онлајн интервју.
3. Најдете тивка локација
- Не дозволувајте неочекувани звуци од деца, миленици, комшии или телевизија да ви го попречат интервјуто. На менаџерот нема да му се допаднат овие работи и ќе ве смета за не доволно сериозни.
4. Земете ги во обзир вашите околности
- Пред интервјуто осигурајте се дека сте сместени во соодветна локација. Внимавајте на деталите што се застапени во вашата соба, Вие можеби сте голем фан на фудбал, или на некоја музичка група, но некој постер не треба да биде зад вас. Не дозволувајте некои ваши надворешни амбиции да дозволат вработувачот да не ве земе во обзир за работата.
5. Седнете исправено
- Седнете на биро или маса наместо на кревет. Добро е да сте релаксирани на интервју но не треба да сте премногу. Треба да покажете дека сте сериозни за вашата позиција така што вашата поставеност и говор на тело може да каже повеќе за вас.
6. Останете ангажирани
- Позиционирајте се на место каде што може да го видете добро тој што ве интервјуира и тој да ве гледа вас добро. Чувајте го телефонот или компјутерот статичен и седете на едно место. Ништо не одвлекува повеќе вниманието од мрдањето на камерата додека разговарате.
7. Избегнете грешки со опремата
- Грешки можат да се случат кај секој, затоа подгответе се за интервјуто со тоа што ќе го тестирате пред почетокот на интервјуто Скајп или Тимс со пријател или некој од семејството, за да бидете подготвени со сигурност. Потенцијалните вработувачи ги интересира колку сте снаодливи со технологијата.
8. Однесувајте се природно
- Многу малку луѓе сметаат дека изгледаат совршено на интервју, светлото не ви се допаѓа, аголот е лош или можеби камерата ве прави изгледате подебели. Но вие мора да покажете самодоверба во текот на интервјуто. Одбегнувајте да ја поправате вашата фризура или вашата облека или однесување, однесувајте се слободно и природно.
Иако овие совети се едноставни , овие мали детали може да направат голема разлика на интервјуто.
Како совет плус, подгответе се за онлајн интервју исто како што се подготвувате за интервју со физичко присуство и како за крај не заборавајте да се заблагодарите за можноста за разговор.