Инстаграм може да му донесе голем бенефит на вашиот бизнис... Еве неколку причини зошто уште веднаш да креирате профил за вашата компанија:
- Ја подобрува продажбата: Многу корисници го користат Instagram за да купат производ преку Интернет, благодарение на бројните достапни опции за купување на Instagram кои можат да ја зголемат вашата социјална трговија.
- Достапни се напредни опции за таргетирање: Може да им рекламирате на луѓето според возраста, интересите, однесувањето и локацијата (исто како и рекламите на Facebook).
- Следење на перформансите: Професионална табла со детални метрики за откривање на увиди и трендови на Инстаграм, пристап до нови алатки кои ќе ви помогнат да извршите и да го градите вашиот бизнис, образовни ресурси итн.
- Дополнителни “одлики” на бизнис профили: Како што се налепниците за мали бизнис и копчиња CTA. (call to action\започни акција)
- Поголема врска помеѓу бренд и следбеници: Moже да добиете многу понуди за соработка, за кои што одлучувачки се вашите фотографии! На инстаграм можат да ве пронајдат многу луѓе и да ви понудат соработка без притоа да платите да тоа.
- Фото – ориентаиција: Инстаграм е платформа каде што најчесто се објавуваат слики и видеа ( кои што можат да содржат и текст, кој што не е задолжителен). Ова е супер опција бидејќи луѓето најчесто се сеќаваат на она што го гледаат, не она што го слушаат!
- Имате поширок опсег на публика: Можностите за покажување на вашите производи на инстаграм се бесконечни.
- Не заборавајте да користите #хаштази: Хаштазите се тие кои што ни го носат производот до вистинскиот купувач.