![Достава на документи на домашна адреса, Е-трговија: Нови услуги од Пошта](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/69/7f93f996-resize-820x0x100.jpg)
Националната Пошта воведе нова услуга за достава на изводите од матичната евиденција на домашна адреса на граѓаните. Документите ќе се доставуваат препорачано со повратница.
-Пошта ги доставува изводите од матична евиденција на адреса на секој заинтересиран граѓанин низ целата држава. Избегнете ги гужвите во сообраќајот, турканиците пред шалтерите и не се изложувајте на ризик од Ковид-19!, објави Пошта.
Постапката се одвива во 4 едноставни чекори. прво треба да се пристапи на https://e-portal.uvmk.gov.mk/ , што е платформа на Управата за водење на матични книги која гарантира заштита на личните податоци и безбедна наплата. Таму треба да се пополнат податоците, да се избере начинот на достава преку пошта, а таксата се плаќа електронски.
Поштарот ги доставува бараните документи на домашната адреса во рок од 72 часа. Документите се доставуваат препорачано со повратница.
Постапката се одвива во 4 едноставни чекори: 1. Пристапете на https://e-portal.uvmk.gov.mk/ – платформа на Управата за...
Posted by Пошта на Северна Македонија / Posta e Maqedonisë së Veriut on Thursday, March 4, 2021
Од викендов се воведува уште една нова услуга
„Пошта“ од викендов воведува нова услуга, е-трговија, преку која може да се направи онлајн нарачка-подарок и да се испорача на саканата адреса.
Ова е првпат нашата пошта да овозможи ваква услуга, а повод за оваа нова услуга е праазникот на жената 8 Март.
На официјалната веб страница на Пошта може да се избере еден или повеќе од понудените подароци, потоа се внесуваат свои, како и контакт – податоци (и адреса надостава), како и опција за персонализирана порака која во оргинална форма ќе се отпечати и достави до примачот.
Наплатата е преку онлајн – системот на Халкбанк.
Цената на достава за подароците е унифицирана и изнесува 80 денари, а важи за територијата на целата држава.
Aktualno
Поскапуваат патарините во Србија, познати се новите цени
Владата на Србија даде зелено светло за новиот ценовник на Јавното претпријатие „Патишта на Србија“.
Ова е најскапиот хамбургер на Светот, влезе во Гинисовата книга на рекорди
Ако сакате да го пробате најскапиот хамбургер на светот, ќе треба да издвоите околу 5 илјади евра!
3 работи што никој не ви ги кажува кога водите старт-ап
Ниедна работа не е лесна, особено ако се вложува многу труд и креативност и ниедно училиште нема да ви каже овие три работи кога започнувате бизнис.
Србија не може глава да крене од македонски туристи – ова се омилените места за одмор
Во текот на летните месеци, особено во јули и август, македонските туристи традиционално ги избираат српските дестинации за своја летна уживанција.
За овие прекршоци во Грција ВЕДНАШ одземаат таблички и возачка
За некои прекршоци нема да платите казна во Грција годинава, но ако ве фати тамошната полиција ќе ви ја одземе возачката дозвола и регистарските таблички на 60 дена.
ВНИМАВАЈТЕ: Во Грција ако „им помагате на другите“ можете да бидете казнети со 80 евра
Сезоната на летувања е веќе почната, па голем број наши сонародници патуваат кај јужниот сосед, на одмор, викенд или краток престој за шопинг. Секогаш се препорачува почитување на сообраќајните прописи, зошто така ќе избегнете евентулано казнување од сообраќајната полиција.