Познато е дека Данска важи за “Најсреќна земја на светот” . Таму е рајот каде што здравството е бесплатно, студентите се финансирани од страна на владата за да одат на колеџ, додека пак во слободно време знаат да уживаат со чаша вино и читање на добра книга покрај оган.
Во 2017 година од страна на Happinest Report Данска беше избрана за најсреќна земја во светот, но тие се уште на прво место во последните три години.
Според 6 критериуми Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска се најдоа меѓу 10 најсреќни земји во светот: слобода, великодушност, здравје, приход, социјална поддршка и доверливо управување.
Но, зошто Данците се посреќни од сите нас?
- Данците имаат доверба едни во други
Според направените неколку анкети, 79% од испитаниците, инаку граѓани на Данска, се изјасниле дека им веруваат на другите луѓе во нивната земја.
Сигурно се прашувате од каде потекнува тоа чувство на доверба? Малата популација на Данска (помалку од 6 милиони) и културната хомогеност имаат некаква поврзаност во врска со ова, но данското чувство на доверба е далеку посложено од нашата замисла. Некоја студија покажува дека повеќето Данци не ги заклучуваат своите врати на автомобилите или па влезните врати.
Сепак довербата не е вродена одлика. Тоа се учи на училиште и преку секојдневни интеракции со доверливи и одговорни институции. При разоговор со политикологот Питер Тистед Динесен од Универзитетот во Копенхаген, тој откри дека дури и имигрантите од земјите со „ниска доверба“, кои се образовани во Данска, брзо го заземаат данското ниво на доверба. „Оваа идеја за доверба е клучна“, вели Расел.
- Плаќаат високи даноци, но уживаат во привилегиите
Данците плаќаат еден од највисоките даноци, 45% од годишниот доход од 43.000 долари и 52% на оние кои што имаат годишен доход од 62.000 долари.
Но, за возврат за плаќање на високите даноци кои се половина од нивната заработувачка, секој жител на Данска добива бесплатно здравство, бесплатно факултетско образование (студентите добиваат помош од 900 долари месечно) високи субвенции за родителите кои чуваат деца и огромни бенефиции за оние кои се невработени. Во спроведените анкети, 9 од 10 Данци велат дека со задоволство ги плаќаат огромните даноци.
Причината за големата поддршка за социјална помош во Данска е, бидејќи сме свесни за фактот дека нашиот модел на социјална помош го претвара колективното богатство во колективна благосостојба на сите жители. – пишува Meik Wiking, CEO на Институтот за истражувања на Среќа во Данска. “ Ние не плаќаме даноци туку инвестираме во нашето општество. Ние всушност “купуваме” подобар квалитет на живот.”
Доколку останете без работа во Данска, немате потреба да бидете загрижени. Всушност невработеноста е вградена во системот. Благодарејќи на нешто што се нарекува “модел на флексибилност” работодавците во Данска имаат поголема слобода да ги отпуштат вработените, бидејќи владата на Данска има програма за преквалификација на работниците и со тоа нивно подобро позиционирање на пазарот на трудот. Расел вели дека силните синдикати обезбедуваат и загарантирана заштитна подршка, давајќи надоместоци за невработеност до две години.
Данска исто така го има и еден од најдарежливите системи за пензионирање во светот, обезбедувајќи пензија за +65 населението, преку комбинација на пензиски средства финансирани од државата и приватни пензиски програми финансирани од работодавачи. Кога не сте загрижени за вашата иднина и дали ќе можете да си дозволите пензионирање, нема да сте вознемирени, ќе се чуствувате побезбедни. Со други зборови, посреќни.
- Данците поминуваат повеќе време со фамилијата и работното време им е пократко
“Балансот меѓу работа и фамилијата” во Данска не е само уште еден “buzz word” од Човечки ресурси, туку начин на живот. Вработените во Данска, се втори во светот по најмалку часови работно време од сите држави во OECD (Организација за Економска соработка и развој) со 1412 часа годишно. Ако Данците би ги работеле сите 52 недели годишно тоа доаѓа во просек 27 часа неделно, но повеќето од работодавците им даваат пет недели платен одмор, Русел вели дека вистинската бројка е 33 часа неделно, сепак 33 часа неделно е одлично нели?
- Данците не се “фалат”
Има непишано правило во Данската култура наречено Janteloven или “Законот на Јанте” базирано на попларна новела од 1930те. Целта на Jantloven e “не се однесувајте како да сте подобри, попаметни или побогати од било кој”.
Иако Jantloven е малку занемарен во космполитскиот Копенхаген, Расел вели дека сеуште просечните Данци живеат по тоа правило ( Целта да се биде просечен).
“Не се фалете, никој не е подобар од било кој. Сите сме еднакви” вели Расел, додавајќи дека не можете да ги видите богатите Данци како возат прескапи автомобили или живеат во огромни вили. “Луѓето се обелкуваат неформално, јас немам видено вратоврска со години”.
Не само што нема разлика меѓу успешните и “неуспешните” туку тие не ни користат ни зборот неуспешен. Затоа што Данците имаат толку силна подршка доколку не успеат на работното место, што немаат никаков финансиски ризик за кој би требало да се грижат доколку останат без работа. Поради тоа се слободни да пробуваат нови работи, доколку не успеат немаат никаква загуба.
5. Данците се водат по Hygge
За да навистина разберете што ги прави Данците толку смели, мора да го разберете hygge. Се чита "хјy-ги" тоа е религиозно данско верување во живеење едноставно и пријатно опкружено со семесјтво и пријатели. Расел вели дека hygge е повеќе од само камин и пижами , тоа е се што ви носи длабоко задоволство за затоплување на душата. Тоа може да биде споделување оброк со пријателите, читање весник или играње со ЛЕГО.
Расел вели дека Данците се „заплеткани и збунети“ дека hygge стана трендовска мода за самопомош. Брзо пребарување на Амазон покажува повеќе од десетина hygge книги кои ветуваат дека ќе ја откријат данската тајна за среќата. Звучи како совршено четиво за пред камин.