Креирале лажен програмски јазик се со цел да го намалат бројот на апликации
Во почетокот на 90тите години кога на пазарот се зголемила побарувачката на програмери, во ИТ фирмите често пристигнувале апликации од премногу кандидати. Регрутерите во овие компании имале голем проблем да ги изберат најквалификуваните кандидати од масата апликации. За да си ја олеснат работата, одлучиле да направат еден трик. Во објавите за огласи за вработување на некои компании било наведено дека кандидатите мора да поседуваат знаење од програмскиот јазик MOVA, за кој што основач се смета дека е Алан Ходен.
Холден, бил девелопер од Калифорнија, а креираниот програмски јазик го именувал под името MOVA (Multiple Object Versionless Architercture) Освен ова, не постои ништо повеќе, никаква релевантна информација или па записи зачувани како стандардни библиотеки за јазикот.
Како што било објаснето во интервјуто за The Register, MOVA бил креиран за да ги филтрира сите неквалитетни апликации и кандидатите кои не биле технички спремни за време на дот-ком бумот што се случи во 1990 година во САД.
СТОП ЗА СПАМИРАЊЕТО
Холден идејата за измислениот програмски јазик ја добил при дискусија со неговиот колега, за тоа како да го лимитираат бројот на апликации за работа, а притоа да најдат квалитетни кадри. Тие имале и други механизми за филтрирање на апликациите за работа за да не бидат преплавени со огромен број на резимеа и повици, но на оваа "шега" тие посветиле посебно внимание. Одделот за графички дизајн креирал и корица за книгата за програмскиот јазик MOVA.
Иако не наседнале многу луѓе на шегата за лажниот јазик, сепак добиле повици и апликации во кои се спомнува дека кандидатите се сретнале со MOVA и ги знаат неговите основи.
Вакви механизми за филтрирање на апликантите постојат и кај другите компании. Google користел билборди со комплексни проблеми чие решение дава линк до страната за аплицирање. Исто така нивниот алгоритам на Google пребарувачот пронаоѓа потецијални кандидати кои пребаруваат серија од интересни "фрази" поврзани со даден проблем или технологија.
Идејата на замки, сеуште постои и во другите компании. Coldfusion курс предаван од NDD Academy, ги прашува своите апликанти да дадат оценки за тоа колку познаваат некоја технологија, меѓу кои една е лажна, Quasimodo.
Го прашале за тоа дали сеуште постои потреба за ваков тип на филтрација. Холден одговори "Во новото информациско време, луѓето сфаќаат дека е многу тешко да се претставаат како нешто што не се" посочи на страните како Linkedin и Github како механизми за проверка.