Од 3 до 5 април, кога паѓа Велигден, целата земја ќе биде прогласена за „црвена зона“ со висок ризик и сè ќе биде затворено
Продавниците, рестораните и училиштата во поголем дел од Италија од понеделник ќе бидат затворени поради опасност од нов бран на епидемија на коронавирусот.
Од жителите се бара да останат дома, освен ако не мораат да одат на работа, на лекар или да излезат надвор поради некоја друга итна причина, јави Би-би-си.
Новите мерки ќе важат до Велигден, кој оваа година паѓа во првата недела од април за верниците кои го слават според грегоријанскиот календар.
Бројот на заразени лица во Италија повторно нагло расте, а вакцинацијата, како и секаде во Европската унија, забави.