Дефиниција за упорност:
И покрај проблемите со теоријата која секој мора да ја научи за да положи возачки испит, овој маж од Полска не сакал да се откаже по никоја цена.
Тој има 50 години и неодамна паднал на тестот за сообраќајни прописи по дури 192-ри пат за 17 години. Ова претставува рекорден број обиди во неговата земја, а веруваме и пошироко.
Како и секаде во светот, за да се добие возачка дозвола во Полска, кандидатите мора да имаат положено теоретски испит. Нема ограничување на бројот на обиди пред да се добие возачка.
Мажот од Пјотрково Трибуналски, чие име не е познато, се запишал во автошкола за полагање возачки испит пред скоро две децении. Според државната радио телевизија ТВП, тој веќе потрошил 1.300 евра на испити. И покрај тоа, тој не се откажува.
Сепак, Полскиот возач не е единствениот кој паднал на испит толку многу пати. Во 2009 година, Јужнокореец го положил испитот на 950-тиот обид.