Оваа обврска не важи за турските државјани
Турција од денес воведе задолжителна електронска регистрација за странските туристи.
Пред влез во Турција, во рок од 72 часа пред патувањето, странските туристи мора задолжително да го пополнат електронскиот формулар на Министерството за здравство, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја.
За Турските граѓани, лицата со дозвола за престој во Турција и патниците во транзит не ваши законската обврска за електронска регистрација.