Во 11 часот е закажана онлајн прес-конференција на министерот Филипче, кога се очекува да ги соопшти евентуалните нови препораки на Комисијата до Владата
Препорака до Владата за нови рестрикции за спречување на ширење на ковид-19 е еден од очекуваните исходи од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, со оглед на повторно влошената епидемиолошка состојба во земјава.
Во 11 часот е закажана онлајн прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче, кога се очекува тој да ги соопшти проценките на Комисијата за тоа дали се потребни дополнителни мерки, покрај веќе воведениот полициски час од 22 до 05 часот.
“На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони, како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата“, изјави вчера Филипче.
Во меѓувреме, одредени општини ја алармираа Владата со барања за подолго траење на полицискиот час.
Загрижувачки се и податоците дека во последните две недели коронавирусот брзо се шири и меѓу најмладата популација во земјава, односно кај децата до девет години. (ИЈЗ), кој еднаш седмично ги споделува за состојбата со ковид-19 во земјава.
Според анализата на Институтот за јавно здравје за периодот од 1 до 7 март, бројот на деца до девет години потврдени со ковид-19 се зголемил за дури 104, а за периодот од 8 до 15 март за истата возрасна група бројот се зголемил за 116, односно за половина месец вкупно се регистрирани нови 220 деца позитивни на вирусот.
Извор: 360stepeni.mk