Финскиот гигант за телекомуникациска опрема „Nokia“ ќе затвори помеѓу 5.000 и 10.000 работни места ширум светот во следните две години.
Сè уште не е јасно каде ќе бидат повеќето намалувања, но компанијата соопшти дека околу 96 работни места во Велика Британија се под закана – како дел од нејзиниот план за намалување на трошоците за 600 милиони евра.
„Nokia“ се обидува да ги достигне 5G мрежите, а исто така планира да инвестира во облачни технологии и истражување во областа на дигиталната инфраструктура. Компанијата во моментов има 90.000 вработени ширум светот и затвори илјадници работни места од 2015-та година, пишува „ВВС“.
Од 2018-та година, „Nokia“ имаше вработени во 100 земји. Во Финска се очекува да бидат изгубени околу 300 работни места, главно во фабриката во Хелсинки. Вработените во Франција, каде што компанијата скрати повеќе од 1.000 работни места во минатата година, сега ќе бидат поштедени.
Реструктуирањето на компанијата има за цел да ги подобри перформансите на „Nokia“ во однос на конкурентите, како што се шведскиот „Ericsson“ и кинескиот „Huawei“. „Nokia“ некогаш беше најголемиот производител на телефони во светот, но не успеа да ја предвиди популарноста на Интернетот и телефоните на допир, како што се „iPhone“ на „Apple“ и „Galaxy“ на „Samusng“, и беше отстранета од првото место.
Откако го продаде бизнисот со телефони на „Microsoft“, кој подоцна беше отпишан како предност од софтверскиот гигант, „Nokia“ се концентрира на телекомуникациска опрема. Последователно, компанијата склучи договор за лиценцирање на телефони со брендот „Nokia“.