Во кое годишно време најмногу уживате во пролет, лето, есен или зима? Размислете внимателно и ќе добиете одговори што се однесуваат на вашата личност.
Не се направени многу истражувања за тоа колку сезоните влијаат на нашата психа, но сигурно е дека времето кога вие се чуствувате најубаво говори многу за вас, за вашите афинитети, карактер, па дури и за емоциите.
Пролет
Иако пролетта е една од најубавите сезони кога се буди природата и кога конечно ќе излеземе од зимската рутина, вие сте од оние луѓе кои што буквално се препуштаат на соништата. Го обожавате социјалниот живот, но приоритет ви е личен одмор и добар сон. Вашите амбиции осцилираат од летаргија и апатија до одушевување. Вие не правите ништо со полу срце, па кога ќе достигнете до она што го посакувате, ништо нема да ве спречи да го направите тоа.
Исти сте и на емотивно ниво. Кога сакате, вие целосно се препуштате и сакате со цело срце и безрезервно. Авантуристичните врски не ве интересираат.
Лето
Се разбира дека вашиот дух е насочен кон авантури. Додека на другите им пречи летната жештина и додека се криат од сонцето, вие сте подготвени за многу предизвици што ги нуди животот. Честопати ги менувате работните места, дури и местата на живеење. Иако ве сметаат за нестабилна, вашата природа и карактер само бараат соодветен придружник. Честопати се соочувате со недостаток на разбирање за околината, но добро ја знаете вашата цел.
Вие не се согласувате на ништо помалку од она што верувате дека навистина го заслужувате. Во потрага сте по идеален партнер, може често да се случи да бидете разочарани и да паднете од врска во врска. Но, не се предавате, затоа што верувате дека еден ден ќе запознаете личност која ќе биде „вистинската“ за вас.
Есен
Вие сте неизлечив романтичар. Вие сте посакувани во друштво, и многумина ве почитуваат восхитувајќи се на вашата внатрешна убавина. Вие сте насмеани и оптимистични дури и кога ќе наидете на непремостливи пречки во животот. Оние кои што не ве познаваат ве сметаат за интровертна и воздржана личност, но вие негувате пријателства од раното детство и поради тоа имате богатство на кое ви завидуваат.
Сепак, кога станува збор за емотивни врски, не дозволувате сите да ѕирнат во вашиот личен простор. Вие сте многу селективни и категорични кога станува збор за избор на партнер.
Зима
Иако зимата е една од сезоните што сме ограничени со можноста за движње, па дури и влијае врз социјалниот живот – но напротив, вие сте некој кој ужива секогаш да е меѓу луѓето. Сакате нови познанства и ја презирате осаменоста, за разлика од летните и пролетните типови кои понекогаш уживаат во сопственото друштво.
За вас, љубовта е движечка сила и смисла на животот. Исто така, во љубовта вие сте искрени и лојални, но тие квалитети ги очекувате и од спротивната страна.