Клиничките испитувања за оралната вакцина за коронавирусот се предвидува дека може да започнат наскоро, тоа го ветуваат прелиминарните податоци.
Станува збор за вакцина наречена Оравакс, која што еизработена од израелско-американската компанија Орамед фармацевтикал и индиската компанија Премас биотех. Оваа вакцина ќе функционира на тој начин што ќе се конзумира како таблета и истата ќе може да се користи и во домашни услови.
Истражувањата кои што се направени врз животни покажаа дека оралната вакцина резултираше со производство на антитела кои ќе обезбедуваат имунитет против коронавирус. Овие резултати се постигнати со давање само на една капсула Оравакс, она што ја разликува оваа вакцина од другите е тоа што ќе треба да се конзумираат две дози.
Ко-основачот на компанијатa за индиските медиуми изјави дека вакцината се зема како витаминска пилула и дека тој начин е целосно сигурен во неговата ефикасност. Резултатите од тестирањето врз животни наскоро ќе бидат објавени во научно списание.
Директорот на Орамед, Надав Кидрон, за „Ерусалим Пост“ изјави дека оралната вакцина ќе го реши логистичкиот проблем што е присутен во светот во процесот на вакцинирање и посочи дека апчињата може да се земат и од дома.
Исто така, вакцината може да се чува и во обичен фрижидер, па дури и на собна температура, што исто така го елиминира проблемот со складирање на стандардни вакцини кои мора да се чуваат на екстремно ниски температури. Кидрон изјави дека кај оралната вакцина помалку може да се појавуваат несакани ефекти.