My Dubrovnik е city building видео игра преку којашто корисникот може виртуелно да се прошета низ хрватскиот туристички град и да ги запознаат тајните на Дубровник.
Играта, како што пренесува Zimo.dnevnik.hr, преку реалистички 3D детали ги откриваат убавините на овој град и неговите историски приказни, личности, улици, ѕидини и споменици. Играчите на таков начин може да уживаат во улога на градоначалник и да откријат како би управувaле со Дубровник и тоа бесплатно.
Станува збор за симулациска игра којашто нуди широк спектар на предизвици во управување со виртуелен град, слично како во вистинскиот живот.
Играта претставува проект на адвокатката Викторија Кнежевиќ од Дубровник и нејзиниот тим кои сакале својата љубов кон град да ја споделат со луѓе ширум светот.
Извор : https://biznisinfo.mk/