Српскиот Кризен штаб денеска донесе нови правила за влез во Србија, а покраинскиот секретар за здравство, д-р Зоран Гојковиќ, по завршувањето на состанокот изјави дека нема отстапки за останатите актуелни мерки кои во моментов се на сила. Вели дека сè уште има голем број новозаразени.
- Секој ден, тој број се зголемува минимално, сите постоечки мерки всушност продонесуваат да немаме нагло зголемување на бројот на заразени лица. Треба да го продолжиме она што го правевме досега и да ги вакцинираме сите. Вакцината е нешто што може да не извлече од епидемијата во овој момент, рече Гојковиќ.
Во однос на новите правила кои ќе важат за влез во Србија, д-р Гојковиќ истакна дека тие се однесуваат и на граѓаните на Србија, но и на странците кои живеат во земјата.
-На сите што ќе бидат целосно вакцинирани, односно со потврда за вакцинација од Република Србија, ќе им биде дозволен влез во Србија без ПЦР-тест и без изолација. Иста е состојбата и со странците доколку се целосно вакцинирани со вакцини од Република Србија, односно две дози на Фајзер, две дози Спутник V, две дози на вакцина од Синофарм. Бидејќи АстраЗенека моментално има само една доза, се подразбира дека една доза е на исто ниво со овие три вакцини за кои е потребна двојна имунизација.
Што се однесува пак до странците кои не живеат во Србија, за влез во земјата остануваат истите мерки како и досега. Кризниот штаб на Србија не разговараше за дополнителни мерки во однос на ова прашање.