СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќајот на неколку улици во Скопје поради протест најавен околу 13:30 часот. Кој што ќе почне во паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Влада.
Затворени за сообраќај ќе бидат улиците "Христијан Тодоровски Карпош " , "Џон Кенеди" , "Цветан Димов", "Крсте Мисирков" , и бул "Гоце Делчев", соопшти МВР.
Од СВР Скопје апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите кои што ги издаваат полициските службеници.
Извор : https://a1on.mk/