Првиот работен со новото сметање на времето беше тежок за станување. Освен спиењето еден час помалку, понеделников се погоди и облачен и врнежлив. А еве што велат од УХМР какво време не очекува денес:
Променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен и северозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.