Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово, 30.03.2021 година во 06 часот и 15 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65km југозападно од Скопje и со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.
Земјотресот бил почувствуван во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Извор : https://kanal5.com.mk/