Град Скопје в сабота почнува со првото авионско прскање против комарци. Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се врши рано наутро. Ако временските услови не дозволуваат дезинсекција, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Лани во Скопје вриеше од комарци, па покрај редовните четири авионски прскања, по реакциите на граѓаните кон крајот на август Градот беше приморан да изврши и вонредно петто прскање.
Прскањето против комарци како и лани ќе го спроведуваат фирмите „ПРИМАТЕКС Бранка ДООЕЛ експорт-импорт Скопје“ и „АЕРОКЛУБ СКОПЈЕ ДОО Чучер Сандево“. Тие за 1.1 милиони евра го добија тендерот на Град Скопје за прскање против ларви од комарци за 2020 и 2021. Првата фирма, според договорот, треба да добие 34.891.290 денари за набавка на средство за уништување на комарци и ларви, додека втората фирма, согласно договорот, треба да добие 32.399.850 за “авионска апликација на претходно наведеното средство“.