Дневно ќе бидат вакцинирани 4000 луѓе, а се очекува бројката на вакцинирани да достигне и 7.000 дневно
Во крајна фаза е салата „Борис Трајковски“ и од понеделник може да почне процесот на вакцинација, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата на салата каде што ќе се одвива имунизацијата.
-Тука ќе се вакцинираат граѓаните од критичните професии МВР, АРМ, новинарите службите од Град Скопје, сите кои имаат контакти со голем број лица. Во сите инстутуции ќе биде критериум возраста освен во МВР каде што работат млади кадри. Како ќе се набавуваат нови вакцини ќе се намалува старосната граница за вакцини, рече Филипче.
Вчера биле вакцинирани околу 1. 300 граѓани а за во понеделник се закажани 3000 термини.