Државата од година во година брои се помалку студенти на факултетите, а се повеќе иселени млади, последиците се видливи како во економската така и во интелектуалната сфера. Според стручните лица заминувањето на образованите млади е исто така голем проблем.
-Се намаува бројот на студенти на државните универзитети во земјавата. Одредени насоки кои примале и по 150 студенти денес имаат едвај 8.Психологија,радиологија, новинарство се едни од насоките кои најверојатно ќе мируваат.
Во разговор за МИА професор д-р Јасна Бачовска Недиќ истакна дека бројот на запишани студенти на студиите по новинарство е условен од повеќе фактори. Вели дека првата генерација студенти на новинарство броела 125, последниве години на студиите едвај се пријавуваат осум, 12, 13, студенти.
Професорката смета дека недостига квалитена практична настава но и прилагодување на „новото време
-Мислам дека речиси сите земји имаат поголема традиција, подобри услови, па се формираат и специфични факултети во рамките на Универзитетите и имаат поголема издавачка дејност. Кај нас рапидно се забележува пад на оние кои студираат новинарство во споредба со други земји во регионот, а тоа е можеби поради начинот на кој се организирани новинарските студии. Исто така практична настава имаме во многу мал обем, а програмата не нуди стекнување на вештини кои ги бара современото новинарство, изјави професорката Јасна Бачовска Недиќ.
-Факт е дека студенти се соочуваат со недостиг на практичната настава, велат од Младинскиот образовен форум за МИА и додаваат дека во 2017 година дури 25,4 отсто од анкетираните студенти на Универзитетот „Кирил и Методиј“ не оствариле практична настава.
– Праксата како таква е од засебна важност поради тоа што им овозможува на студентите да го применат своето теоретско знаење во реалниот живот, што пак овозможува нивно дополнително усовршување, вели Петар Брлаковски од МОФ.
Државата од година во година брои се помалку студенти на факултетите, а се повеќе иселени млади, последиците се видливи како во економската така и во интелектуалната сфера. Според стручните лица заминувањето на образованите млади е исто така голем проблем.
Според МОФ младите заминуваат за да студираат на универзитетите во странство поради квалитетот во високото образование кај нас кој стагнира, а некаде дури и опаѓа.
А Билјана Дуковска, експертка во полето на сиромаштијата заклучува дека ако се земе предвид дека основното и средното образование се бесплатни, во тој случај „парите од народот ставени во умот, младиот човек ги изнесол надвор од државава“.
Според Бачовска за жал, овие трендови на иселување ќе продолжат и во иднина.
-Да, државата не прави доволно за да обезбеди пристојни услови за живот за младите тука, признава Бачовска. Вклученоста на младите во носењето на општествените одлуки, ќе го отстрани нивното апатично однесување
-Понекогаш имам впечаток дека имаме апатична младина односно „дига раце“ од многу нешта и не верува во промени, тие на некој начин си бараат систем во кој ќе треба да се остварат, вели Бачовска.
Од МОФ пак, веруваат дека младите ќе бидат апатични се додека не бидат вклучени во носењето на одлуките.
Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за состојба во 2019 година регистрирани биле 4 911 невработени со вишо и високо образованиe, во 2020 – 4 049, додека пак оваа година евидентирани биле 5 668 млади невработени лица со високо образование.
Според професорката Бачовска доколку се земат предвид сите проблеми, мали се шансите дека паметните, успешните и работливите луѓе ќе си го најдат своето место под Сонцето тука.