Покрај 11 градови во кои вакцинирањето е можно без претходно закажување, се отвараат пунктови во уште најмалку 50 градови
Државниот секретар на Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек изјави дека првата доза на вакцина за коронавирус ја примиле 1.435.000 српски граѓани, ревакцинирани се 1.017.000 од кои 651.000 се целосно имунизирани и најави дека од вторник, покрај 11 градови во кои вакцинирањето е можно без претходно закажување, се отвараат пунктови во уште најмалку 50 градови, јави допсиникот на МИА од Белград.
Ѓерлек оцени дека брзата и масовна вакцинација е „спас” за надминување на сегашната епидемиолошка состојба.
Тој додаде дека во април Србија ќе има милионски дози на вакцини.
-Ќе имаме големи дози на Синофарм и Спутник и Фајзер и од Ковакс. Ќе има за секој што сака да се вакцинира. Дури и за оние кои не се повикани преку е-Управа. Одете на сите пунктови, не чекајте да ве повикаат, ќе ве примат. Важни се брзината и масовноста . Да не чекаме ако сакаме да одиме на одмор ова лето и да се вратиме во нормалниот живот, порача Ѓерлек.