Директорот на Агенцијата за привремени вработувања и сопственик на Вработување.ком, г-дин. Дарко Велков одржа предавање на тема „Современи трендови во управувањето со човечките ресурси“
- На покана на Деканот на Факултетот за технички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. Д-р. Агим Мамути, во вторникот свое предавање одржа директорот на Агенцијата за привремени вработувања и сопственик на една од најпопуларните веб страници на ова поле www.vrabotuvanje.com.mk, г-дин. Дарко Велков.
Темата на предавањето, што беше организирано виртуелно преку платформата googlemeet, беше: „Современи трендови во управувањето со човечките ресурси“.
Учесници беа студенти на насоките Применета економија и претприемништво како и Царина, шпедиција и осигурување, заедно со предавачите во овие области Доц. Д-р Бујамин Бела и г.Валон Рамадани.
На оваа презентација покрај тоа што се зборуваше за актуелните случувања во секторот човечки ресурси , г.Велков ја искористи можноста да ги мотивира и инспирира студентите да веруваат во себе и да влезат во светот на претприемачите преку приказната за почетоците на Вработување.ком
-Вработување.ком почна со работа 2003 кога интернетот се уште беше во зачеток, а компјутери дома имаа можеби стотина семејства. Но, визијата и вербата дека интеренет барањето на работни места е иднината, не донесе до ова каде што сме денес. Најпосетуван сајт за огласи за вработување и добитници на многу признанија...
На крајот од презентацијата од директорот г. Дарко Велков, студентите учесници имаа можност да постават прашања на темата, како и за тоа кои се „вештините“ што работодавците ги бараат покрај универзитетска диплома.
Вработување.ком изразува благодарност лично до Деканот господинот Мамути за поканата но уште поголема благодараност за интеракцијата и вниманието со кое ја следеа презентацијата присутните студенти.