Aktualno
-
Скандал на векот: На Барса ѝ се заканува исфрлање од Европа
Навивачите на другите шпански клубови, особено на Реал, реагираа на скандалот со подмитувањето судии од Барселона со печатење на банкноти од евра со ликот на претседателот на Барса, Бартомеу.
-
НАСА предупредува дека Земјата во 2046 година ја чека неизвесен ден
Канцеларијата за координација на планетарната одбрана на НАСА објави дека Денот на вљубените во 2046 година е загрозен бидејќи има „мали шанси“ астероид со големина на олимписки базен да удри во Земјата токму тој ден.
-
До 10 илјади евра се казните за тие што нема да ги намалат цените, предупреди Државниот инспекторат
Казните за непочитување на одлуките на Владата за определување на највисоки цени за тестенините, млекото, урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот, изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор и ќе бидат ирекувани веднаш по стапувањето во сила на одлуките на 16 март, предупреди Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
-
ПРОФЕСОРИТЕ ГЛАДУВААТ: Во оваа земја платата им е само 20 долари
Многу ниски плати земаат просветните работници во Венецуела. Платата на наставниците е околу 20 долари месечно, што е околу пет отсто од сумата потребна за прехранување на петчлено семејство.
-
Саем за сезонско вработување во туристички сектор во Охрид
Поаѓајќи од се поактуелната состојба со кусоци на пазарот на труд со кои се соочуваат домашните компании, особено во туристичко-угостителскиот сектор, Касарна Хаб одлучи да организира саем за вработување за престојната летна сезона 2023 година, на кој, бесплатно, хотелите и рестораните ќе можат да го престават нивниот капацитет и да побараат вработени за сезоната.
-
Една четвртина од французите не се чувствуваат способни за работа до пензија
Една четвртина од испитаниците французи изјавиле дека не се чувствуваат способни за работа до пензионирањето, покажува истражувањето објавено во време на дебата за зголемување на старосната граница за пензионирање во Франција од 62 на 64 години.
-
Идната недела можно замрзнување на цените и на шеќерот, јацата и оризот
Идната недела ќе се направат анализи и ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јацата и оризот, изјави Владата.
-
Вака настанала најпознатата компјутерска позадина на сите времиња
Иако многумина се убедени дека славната фотографија е доработена или целосно вештачка, тоа воопшто не е точно. Ова е приказна за тоа како настанала најпознатата компјутерска позадина на сите времиња.
-
Сместувањето на Јадранот ова лето поскапо од било кога
Одморот на Јадранот летово би можел да биде поскап од кога било – веќе се најавува дека цените на приватното сместување во просек ќе бидат повисоки за 30 отсто.
-
Познато каде ќе бидат првите маркети на Лидл во Македонија!
Германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“, дознава Фактор ексклузивно.
-
Сметките за струја, вода, телефон...ќе може да се платат и во маркет
Сметките за комунални услуги, како струја, вода, телефон, парно греење, освен во банки како досега, ќе може да се плаќаат и во штедилници, продавници и маркети, како и во секое трговско душтво кое има дозвола од Народна банка за вршење на овие услуги.
-
Потребни ли му се на Скопје пунктови за рентање на велосипеди и тротинети?
Иако се декларира како вело град во Скопје нема пунктови каде се изнајми велосипед или пак електичен тротинет.
-
Официјално: Се замрзнуваат и намалуваат цените на тестенините и млечните производи!
Владата денеска одлучи да се замрзнат цените на тестенините и основните млечни производи, соопштија денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши.
-
ТАВ најавува: Croatia Airlines ќе воведе сезонска авиолинија Скопје – Сплит
Хрватскиот национален превозник, Croatia Airlines, ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје–Сплит, од 12-ти мај годинава, најавува ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот во Сплит.
-
На Германија ѝ недостасуваат два милиони работници
Во последниот квартал од 2022 година, германските работодавци не можеа да најдат луѓе за 1,98 милиони работни места, повеќе од кога било, објави во четвртокот Институтот за истражување на пазарот на труд и трговија (ИАБ).
-
Овие земји во Европа бараат странски работници
Европските земји патат од недостаток на сезонски работници.
-
Тестенините ќе поевтинат за 10%, за млекото ќе видиме
Утре ќе биде објавено колкави ќе бидат замрзнатите цени на тестенините и млечните производи.
-
Унгарија испраќа нови полициски единици во Македонија и Србија: Опремени со моќни уреди
Унгарската полиција испраќа нови единици во Македонија и Србија, со цел да се спречи влез на илегални мигранти во Унгарија и на територијата на ЕУ.
-
Со косовски пасош во ЕУ без виза – Косово доби безвизен режим
Советот на Европската Унија, денеска во прво читање, усвои став за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово најдоцна од 1 јануари следната година. Се уште се чека потврдата од Европскиот парламент за одлуката да биде конечна.
-
Се чека голема одлука: Дали Европејците засекогаш ќе останат без Фејсбук и Инстаграм?
Технолошкиот конгломерат Мета, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм и комуникациската платформа WhatsApp, во наредните месеци ќе се соочи со тужба која би можела да ја принуди да го одбие пристапот до Фејсбук за Европејците, пренесува Политико.