Aktualno
-
Административците кои со неплатен одмор заминаа да работат во странство да се вработат во приватен сектор кога ќе се вратат
Предлог на вицепемиерот
-
Порано шетаа крави по улиците, а сега е топ дестинација за Македонците
Не мора да трошите цело богатство за да се сончате на прекрасни песочни плажи и да се капете во тиркизно море. Потребно е само да ги посетите најпознатите туристички места во Албанија и да се чувствувате исто како да сте на Малдиви.
-
ТАВ Македонија беше домаќин на српски туристички блогер со цел да го промовира Охрид како дестинација за патувања меѓу српската популација на Балканот
ТАВ Македонија, со поддршка на Air Serbia, го пречека и беше домаќин на српскиот блогер за патувања Putuj.rs, со цел промоција на Охрид и Охридското Езеро како дестинациja за патување кај луѓето од соседна Србија, кои од 19 јуни 2023 година можат да пристигнат во Охрид за помалку од 1,5 час, со летовите на Ер Србија на обновената линија Белград-Охрид, која сообраќа 4 пати неделно.
-
Новата учебна година ќе има пролетен распуст, ќе заврши на средината на јуни?
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека за десет дена МОН ќе излезе со став дали ќе има поместување на почетокот на учебната година од стандардниот термин 1 септември. Најави дека наредната недела пред Комисијата за човечки ресурси ќе ги претстави трите предлози за почетокот и за завршувањето на учебната година.
-
Колку бавно може да возите на автопат во Германија?
Терминот „минимална брзина“ не постои во германскиот закон за патен сообраќај (StVO), но постои регулатива според која возилата кои не можат да развијат брзина поголема од 60 км/час не смеат да се движат на автопат во Германија.
-
Дали знаете колку мостови има на реката Вардар во Скопје?
Во градот Скопје постојат многу мостови кои ги поврзуваат различните делови на градот. Точниот број на мостови може да варира поради градежните проекти и промените во градската инфраструктура. Колку го познавате Скопје? Проверете дали ги знаете сите мостови на реката Вардар во главниот град.
-
Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари
На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48.543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.
-
Италија е земја со најмногу 100-годишници во светот
Италијанскиот Национален завод за статистика денеска објави дека во земјата, бројот на луѓе на возраст од 100 години и повеќе, лани достигнал рекордно високо ниво.
-
Зголемен бројот на приклучени на системот за парно - ЕСМ нуди можност за бесплатен приклучок, еве до кога
ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи до крајот на месец август поточно до 31 август 2023 година. Од компанијата соопштуваат дека бројот на потрошувачи кои се приклучуваат на централниот систем за топлинска енергија, со кој управуваат новите компании на АД ЕСМ е во постојан пораст.
-
Што е дозволено, а што е забрането да се носи на фестивалот EXIT
Вчера започна фестивалот EXIT во Нови Сад, а портите на фестивалот беа отворени во 19 часот. Организаторите на фестивалот објавија што е дозволено и што е забрането да се носи на Петроварадинската тврдина.
-
Германија планира да воведе забрана за пушење во автомобили со деца
Во Германија повеќе нема да биде дозволено пушење во автомобил доколку во автомобилот има деца или бремени жени, јави ДПА, повикувајќи се на германското Министерство за здравство.
-
ЦЕНИ ВО ГЕРМАНИЈА: Уште еден доказ дека плаќаме поскапо од богатите Европејци
Цените на производите во европските земји се секогаш причина повеќе за бранување на социјалните мрежи.
-
Форбс: Црна Гора е прва меѓу 5-те најдобри џет-сет дестинации за пензионирање
Џет – сет дестинациите за пензионирање се убави, пријатни, безбедни засолништа кои нудат ексклузивни можности за живеење – идеални за остроумните пензионери кои сакаат да уживаат во она што го заработиле.
-
Како рецесијата во Германија може да влијае на Македонија и на другите земји од Западен Балкан?
Иако се смета за „техничка“, рецесијата на германската економија ги натера земјите од Западен Балкан сериозно да размислуваат и им задава сериозни грижи.
-
БЕРЕВ МАЛИНИ, РАБОТЕВ 12 ЧАСА, ДОБРА Е ДНЕВНИЦАТА, АМА ДУША МИ ИЗЛЕЗЕ: Македонка се врати од работа во Србија
Дваесет и четири годишната В.С. од Скопје, била на берење малини во соседна Србија,во близина на српскиот град Чачак.
-
Во Австрија привремено ќе се конфискуваат возилата на шоферите кои ја надминале дозволената брзина
Парламентот на Австрија одобри нацрт-законот кој ќе им овозможи на властите привремено да ги конфискуваат автомобилите на луѓето фатени како возат далеку над дозволената брзина.
-
Без меѓународна возачка дозвола, не патувајте за Грција, Бугарија и Хрватска, казните се и до 300 евра
За патување во Грција, Бугарија, Турција, Хрватска, Словенија и во други земји од ЕУ со сопствено возило, треба да поседувате, покрај домашна, и меѓународна возачка дозвола.
-
Од MojPosao повикуваат: Станете дел од друштвото на добри примери и пријавете ја вашата HR пракса до 14 јули
Од МојПосао повикуваат, ако и вие сте меѓу оние кои дизајнирале и имплементирале проекти и позитивни HR пракси кои резултирале со подигнување на нивото на задоволство и ангажираност на вашите вработени, споделете го тоа со регионалната HR заедница!
-
Мостот кај „Ист Гејт“ ќе биде затворен уште најмалку три месеци?
Деканот на Градежен факултет, Горан Марковски вели дека мостот „Беласица“ кај „Ист Гејт“ ќе биде затворен уште најмалку три месеци.
-
Најдобри плати и бонуси, приватно здравствено осигурување - Дознајте зошто е добра одлука да се вработите во Кромберг & Шуберт
Глобалниот лидер во автомобилската индустрија ве очекува!