Aktualno
-
Ново поскапување на горивата
Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,99%.
-
Нова листа: Кои се 10-те најмоќни земји во светот
На списокот чиј редослед го проценува влијанието на една земја врз основа на перцепциите на испитаниците, САД, Кина и Русија остануваат најмоќните земји во светот во 2023 година, според овогодинешното рангирање на глобалната моќ објавено од US News & World Report.
-
ЕВЕ КАКО ДА ДОБИЕТЕ ГЕРМАНСКО ДРЖАВЈАНСТВО: Сите детали, улови, документи и процедури за добивање германски пасош!
За многу луѓе денес, Германија е идеална земја во која некој би сакал да работи и живее. Со својата ниска стапка на невработеност, совршено организиран здравствен систем и многу други фактори – оваа западноевропска земја постојано привлекува луѓе од целиот свет.
-
За две години 85.000 македонски граѓани емигрирале во Германија
За две години, 85.000 македонски граѓани емигрирале во Германија, со што Македонија изгубила 4,6 отсто од населението, покажува истражувањето на Институтот за јавна политика.
-
НЕ Е САМО ГЕРМАНИЈА, И НОРВЕШКА Е РАЈ ЗА БАЛКАНЦИТЕ: Еве колкава плата даваат за различни професии и занаети, просечната е 3.700 евра!
Во последните неколку децении, Норвешка се истакна како магнет за работниците од различни делови на светот, вклучително и од Балканот.
-
ТЕГЛА 400 ДЕНАРИ, МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД АЈВАРОТ: Aко немаат време да прават, си купуваат домашен
Луѓето од различни делови на Македонија, прават и продаваат ајвар. Цените се различни.
-
Германскиот синџир на аптеки Росман ќе се шири и во Македонија
Германскиот синџир на аптеки Росман планира да ја прошири својата малопродажна мрежа на Балканот со навлегување на пазарите во Црна Гора и Македонија, пишува германскиот Wirtschaftsforum.
-
Живописно селце во Швајцарија нуди 50 илјади евра за доселување во него – постојат 2 услови
Швајцарското село Албинен на сeмејствата им нуди по 50 илјади евра само за да се преселат во ова восхитувачко планинско село.
-
Поради напуштање куче домашен миленик ќе се оди во затвор – измена на Кривичниот законик во Хрватска
Напуштањето на домашен миленик наскоро би требало да стане кривично дело во Хрватска за кое ќе се казнува и до една година затвор, пишува Јутарњи лист. Ова ќе биде дел од новиот пакет измени на Кривичниот законик, кој повеќе од една година го пречистува работната група на тамошното Министерство за правда и администрација, а чиј делокруг остана на втор план, па за него воопшто не се разговараше во јавноста.
-
Само лани 53.000 граѓани од Македонија заминале во Германија
Само во 2022 година над 53.000 наши граѓани се преселиле во Германија. Во 2021 година пак, над 32.000 Македонци се преселиле во Германија, каде според последниот попис од 2022 година живееле 222.000 нашинци, објави Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“.
-
Лидл ви посакува добредојде! Лансирана кариерна страница за кандидати од Македонија
„Стани дел од нашето големо Лидл семејство и започни да ја испишуваш твојата успешна кариерна приказна!“
-
„Мато Наполетано“ од Скопје е меѓу 100 најдобри пицерии во светот
Италијанскиот ресторан „Мато Наполетано“ од Скопје е меѓу 100 најдобри пицерии во светот. Скопската пицерија беше дел од гала-церемонија која се одржа во Кралската палата во Неапол, Италија. Во мај годинава, „Мато Наполетано“ во Барселона беше прогласена и за 25. пицерија во Европа.
-
Охридскиот регион останува на листата на УНЕСКО
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска присуствува на 45. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО што се одржува во Ријад, Кралство Саудиска Арабија, на која вчера беше соопштена Одлуката на Комитетот дека Охридскиот регион, со својата исклучителна универзална вредност, останува на листата на светско наследство.
-
Цените на авионските билети ќе бидат астрономски?
Европратениците во Стразбур во средата изгласаа нови правила во врска со употребата на таканаречените одржливи горива во воздушниот транспорт.
-
Француски маркет ќе ги означува производителите кои ја намалуваат тежината, но не и цените
Францускиот супермаркет „Карфур“ смисли впечатлив начин да им укаже на своите потрошувачи производители кои ја намалуваат амбалажата, но не и цената на производот.На полиците до предметните производи, клиентите сега можат да најдат налепница „shrinkflation“ (известување за намалување на големината или волуменот на производот).
-
Дали е време да почнеме отворено да зборуваме за тоа колку заработуваме?
Според истражувањето спроведено од MojPosao, поголемиот дел од вработените во Хрватска ја вршат својата работа во средини кои, официјално или премолчено, го бранат јавното коментирање за платите меѓу вработените.
-
Армијата отвори оглас за вработување на 150 војници
Министерството за одбрана денеска објави оглас за прием на 150 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија...
-
Холандија, Белгија и Австрија со највисока стапка на слободни работни места во ЕУ
Стапката на слободни работни места во Еврозоната во вториот квартал од 2023 година изнесуваше 3,0 отсто, додека на ниво на цела ЕУ таа достигна 2,7 проценти, соопшти Европската статистичка служба – Евростат, посочувајќи дека и во двете зони се бележи намалување на квартално ниво за 0,1 процентен поен.
-
Ќе се замрзнат цените на храната и ќе се забранат акциските продажби
На светските берзи цените одат надолу, затоа Министерството за економија нема да дозволи да се продолжи со покачување на цените кај нас, изјави министерот Крешник Бектеши кој рече дека до 30 ноември ќе се забранат акциски и промотивни продажби од страна на сите синџири на трговци, а од следната недела ќе предложи и замрзнување на цените на производите во прехранбената индустрија.
-
Скопјани се нервираат на црвено – зошто нема „зелен бран“?
Главниот град се соочува со сериозен проблем во сообраќајот. Според многу возачи и пешаци, семафорите во градот не се синхронизирани и не овозможуваат континуиран проток на возилата.