Aktualno
-
Платежните картички заминуваат во историјата? Ни доаѓаат нови решенија за плаќање!
Мобилните и инстант плаќањата се иднината на плаќањата во Европа, се согласија учесниците на регионалната финтех конференција Money Motion. Вештачката интелигенција ќе донесе големи промени во работењето на банките, но последниот збор во се ќе го имаат корисниците кои ќе ги диктираат трендовите, велат говорниците и панелистите на првиот ден од конференцијата.
-
Дали дојде моментот работното време од 8 часа и 5 дена во неделата да стане минато?
Трендот на работа четири дена во неделата го прифаќаат се повеќе светски компании, а анкетата на Alma Career Croatia со 1.100 испитаници покажала дека домашните вработени не заостануваат зад своите странски колеги во овој поглед.
-
Ни огласите за работа веќе не се исти - Кои се новите трендови?
Се повеќе компании почнуваат да го отфрлаат формалниот тон на комуникација во огласите за вработување. На негово место доаѓа помалку формалниот, пријателски тон во второ лице („ти“).
-
Словенија е лидер во регионот на поранешна Југославија со просечна нето плата од 1.477 евра во јануари оваа година
Во однос на просечната плата во јануари 2024 година, Словенија е лидер меѓу земјите од поранешна Југославија со 1.477,34 евра, додека Северна Македонија е на дното со просечна нето плата од 643 евра. На второ место е Хрватска (1.239 евра), на трето е Црна Гора со 819 евра, а со две евра помалку е Србија која е на четврто место со просечна нето плата од 817,7 евра. Просечната плата во Босна и Херцеговина е 679 евра.
-
Знаете што е тоа кувер? Наскоро и ние ќе ја плаќаме оваа „услуга“ во рестораните
Во последно време, со зголемувањето на инфлацијата и цените на храната кои достигнуваат нови врвови, угостителите се снаоѓаат на различни начини за да ја зголемат својата заработка.
-
Скокнаа цените на аранжманите во Грција – ова се „first minute“ понудите на туристичките агенции
Со почетокот на новата туристичка сезона, македонските туристи се соочуваат со значително зголемување на цените на патувањата во Грција.
-
СТРАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВААТ САМО ДВА ДЕНА – расте бројот на туристи, но како до подолг престој?!
Два дена е просечниот престој на странските туристи во Македонија. И покрај растот на бројот на туристи кои ја посетуваат земјава, нивниот престој и понатаму е краток.
-
Какаото стана поскапо од бакарот, велигденските чоколадни јајца веќе поскапеа
Какаото на Њујоршката берза поскапе за повеќе од 700 долари по тон за еден ден, а неговата цена надмина 9. 000 долари за тон, така што стана поскапо од бакарот.
-
„Google“ знае многу за вас: Еве како да избришете сѐ
„Google“ знае многу за вас – за среќа, постои лесен начин да ги избришете податоците.
-
Научниците предупредуваат: Поради ова, цената на храната рапидно ќе расте секоја година
Тој ефект ќе се почувствува насекаде низ светот, и во земјите со високи и со ниски приходи, но никаде повеќе отколку на глобалниот југ.
-
Студот попушта, а попушта и цената на пелетите – ако планирате да купувате, сега е моментот!
Со попуштањето на студот и со заминувањето на зимата, така попушти и цената на пелетите, нудејќи им можност на потрошувачите да заштедат на ова популарно средство за греење.
-
Македонките се мажат најмлади во регионот
Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак споредено со другите земји во регионот. Просечната возраст на која Македонките се мажат е 26,6 години, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.
-
Во Охридското Езеро се крие најстариот езерски град во Европа
Мирните води на албанскиот дел од Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа.
-
МВР: Пасош по итна постапка во Скопје за еден ден
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информира дека реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат.
-
КАДЕ ВИ СЕ МАИЦИТЕ СО КРАТКИ РАКАВИ - викендов за прв пат ќе го почувствуваме летото
До четврток времето во Македонија ќе се задржи многу променливо со чести повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со повремено засилен ветер од јужен правец. Локално ќе биде и нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст, пишува во својот најнов пост метео прогнозерот Славчо Поповски.
-
Од Македонија први се селат луѓето со добри плати и со високо образование
Колку повисока плата во Македонија толку поголема желба за иселување надвор - истражувањето покажува дека од земјава си одат високобразованите луѓе.
-
Скокнаа платите во овој сектор – важна информација за нашинците кои планираат да заминат во Германија
Германските сопственици на ресторани одлучија да го одврзат ќесето и на своите вработеи да им ги зголемат платите, особено на готвачите – без разлика од кој крај на светот се појдени на печалба.
-
Од следната година на децата помлади од 14 години во Флорида нема да им биде дозволено да користат социјални мрежи
Во Флорида, на децата помлади од 14 години ќе им биде забрането да се приклучуваат на социјалните мрежи од следната година. Станува збор за закон потпишан од гувернерот Рон ДеСантис, а законот бара компаниите кои поседуваат социјални мрежи да ги бришат сметките на лица помлади од 14 години.
-
Хрватска им ги крева платите на сезонските работници од Македонија
Со зголемената потреба за сезонски работници, Хрватска и ова лето ќе биде популарна дестинација за многу Македонци кои бараат подобри работни услови и плати.
-
СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?
Сточарите велат дека големината на јагнето и квалитетот ја дефинираат цената. Според нив, кога купуваат, граѓаните гледаат да поминат поевтино.