Aktualno
-
Во оваа земја возачите се особено внимателни кога врне: Казната е 339 евра ако испрскате пешак
Обилните дождови се суштински дел од пролетта и есента во Норвешка, но тоа не ги спречува локалните жители да уживаат на отворено. Проблемите се јавуваат кога патиштата се полнат со вода и не само што им ја отежнуваат поминувањето на возачите, туку можат да им го уништат денот на пешаците.
-
Просечната плата во Хрватска стигна до 1315 евра или речиси 700 евра повеќе од Македонија
Просечната јулска нето плата во Хрватска изнесува 1.315 евра, што номинално и реално исто како и во јуни, објави хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС). На годишна основа, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 15,2 отсто, а реално за 12,7 отсто, во однос на јули 2023 година.
-
Уживајте во убавото време до понеделник, од вторник нов бран на дожд и грмежи
Управата за хидрометеоролошки работи известува дека убавото и сончево време ќе трае до понеделник каде потоа следува нов бран на дожд и грмежи.
-
Една од најстарите германски пиварници престанува да работи по 334 години
Gasthaus Schlössle произведува сопствено пиво од 1690 година, што ја прави една од најстарите пивари во Баварија. Сепак, производството ќе заврши на крајот на декември. Пиварницата од Ној-Улм повеќе не може да се носи со пазарот.
-
ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА: Сите 73 производи на кои им се ограничува маржата
Министерството за економија и труд ја објави целосната листа од 73 производи на кои им се ограничуваат профитните маржи на најмногу 10 отсто, со што се очекува намалување на нивните цени во трговијата на големо и мало. Одлуката за ограничување на маржите ќе трае до 31 октомври.
-
Просечната плата пак се зголеми -изнесува 40 961 денари
Дали е реална?
-
Да не се закачате со Жените од Карпош - Се нуди бесплатна обука за самоодбрана
Општина Карпош во соработка со полицискиот боречки клуб „Безбедност“ ќе продолжат со бесплатната обука за самоодбрана и фитнес, наменета за жени и девојки кои живеат на територијата на Карпош.
-
Се бара решение за камерите во сообраќајот – што ако снимат премногу прекршоци?
Министерот за внатрешни работи, информираше дека се работи на техничко решение, но е потребно и законско уредување за функционален систем за следење на сообраќајот преку камери, пренесуваат од Слободен Печат.
-
Објавена есенската кошница – ориз, брашно, тестенини, масло и млечните производи ќе бидат со ограничена маржа
Ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогурт, млечни производи, зеленчук, овошје, се на листата со 73 три производи во таканаречената есенска потрошувачка кошница. За нив бруто профитната маржа ќе биде ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало, а во маркетите ќе бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“, одлучи денеска Владата, на предлог на Министерството за економија и труд.
-
Цената на биткоинот надмина 63.500 долари – што е следно?
Намалување на главната каматна стапка од 50 базични поени од страна на Федералните резерви на САД, како и првото купување на биткоин од претседателски кандидат во крипто бар (Доналд Трамп направи трансакција со биткоин во тематската лента „PubKey“ во Њујорк,) одржувајте го доброто расположение на пазарот на крипто. Сепак, некои набљудувачи остануваат скептични за долговечноста на релито, напиша „CoinDesk“ во материјал.
-
Масовно се краде грозје, садници, системи за наводнување, земјоделски машини, алати
Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини, алати и други предмети од ниви и земјоделски имоти на територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи - Велес. Оваа информација ја потврди за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол во СВР - Велес.
-
Од утре очекувајте благо затоплување - Ова е викенд временската прогноза
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
-
ОВАА АЗИСКА ДРЖАВА ЈА БУТНА ШПАНИЈА ОД ТРОНОТ: Сингапур има најсилен пасош на светот
Сингапур се искачи на врвот на рангирањето на најсилните пасоши во светот, соборувајќи ја Шпанија од првото место. И покрај тој удар за земјата, европските нации – вклучително и Шпанија, сега испадната на второто место – го сочинуваат остатокот од првите пет.
-
Не можат да платат билет, бидејќи новите валидатори не работат
Патници сведочат дека кога се возеле на линијата со број 65-б, која сообраќа од Транспортниот центар до Смилковци и обратно, кога влегле во автобусот, валиодаторите и на предната врата и на задната врата не работеле.
-
Се укинува целосната забрана за движење во шума
Укината целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари, информира Јавното претпријатие „Национални шуми“.
-
Крш, мизерија... Дали Скопје ја заслужува титулата „грд град во Европа“?
Не стивнуваат критиките на сметка на Скопје, градот кој како главен треба да личи на метропола и да ги задоволува потребите на бројните жители. За жал, граѓаните секојдневно сведочат дека градот е „хаос“ во секој можен аспект, а предничи во сообраќајниот метеж и неред, загадениот воздух, како и во нехигиената.
-
Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити
Вкупните депозити анализирани на годишно ниво, во август се зголемени за 9,1%, што се должи на растот на депозити на двата сектора, со доминантен придонес на секторот домаќинства, соопшти Народната банка.
-
Просечната нето плата во јули надминува 40 илјади денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Големо откритие: Научниците открија нова крвна група
Истражувачите од Велика Британија и Израел опишаа нов систем на крвни групи кај луѓето, "MAL", и тоа 50 години откако во 1972 година беше откриено дека недостасува важен антиген во крвта на бремена жена.
-
Германија депортираше 36 македонци
Првиот чартер лет како дел од најновата офанзива за депортација на германската влада полета пред две недели за Авганистан. Вториот вчера од Хамбург до Белград и Скопје. Според весникот „Билд“, во него имало 36 лица, главно државјани на Србија и Косово, на кои им било одбиено правото на азил или поради некоја друга причина немаат право да останат во Германија. Меѓу нив има и осудени криминалци.