News
-
Неделен пресек на огласите: Работни позиции со плата повисока од 40.000 денари!
Доколку моментално сте невработени, или размислувате да го промените работното место, денес е вистинскиот момент да направите нешто околу тоа! Доколку барате работа со повисока плата, можете да ја најдете на нашата веб-страница.
-
Германија ја тестира четиридневната работна недела во 45 компании
Познат е исходот од овогодинешното повеќемесечно тестирање на четиридневната работна недела во 45 германски компании со различни дејности. Некои од бизнисите кои ја тестираа четиридневната работна недела се компанија за чистење теписи, градежна компанија и маркетинг агенција. Ова беше најголемиот тест на четиридневната работна недела во Германија досега. Остануваше на самите компании како ќе го скратат работното време.
-
Хрватска го враќа воениот рок: „Кој не може да носи пушка, нека носи гребло и мотика“
Хрватска го враќа задолжителниот воен рок, 16 години по нејзиното укинување. Воениот рок за сите млади мажи над 18 години треба да стапи на сила од првиот ден од следната година. Министерот за одбрана на Хрватска вели дека се е подготвено за воведување воен рок и дека останува само да се чека политичката процедура.
-
Летањето со „Луфтханза“ поскапо за 1 до 72 евра – Еко-таксата ги крена цените
Од едно до 72 евра ќе бидат поскапи авио-билетите на „Луфтханза“ за летовите од земјите на Европската унија, Велика Британија, Норвешка и Швајцарија. Германската авиокомпанија ги зголемува цените за да ги покрие повисоките трошоци кои произлегуваат од еколошката такса на Европската комисија за користење фосилно гориво.
-
Кои прекршоци ќе бидат санкционирани со новопоставените камери?
Во Скопје интензивно се поставуваат камери на најфреквентните крстосници, улици и булевари со кои МВР ќе лови сообраќајни прекршоци.
-
Утре булевар „Србија“ со изменет сообраќаен режим
Поради снимање на сцени од филмот „Осветлен“, утре (26 јуни) од 18:00 часот до четврток (27 јуни) во 5:00 часот, ќе има измена на сообраќајниот режим на булевар „Србија“ во Скопје, соопшти продуцентската куќа „Ново македонско видео“.
-
Огромен дисбаланс на енергија забележан на Сатурн – што тоа значи за Земјата
Научниците открија дека на Сатурн во тек е огромна сезонска енергетска нерамнотежа. Откритието претставува пресвртница во нашето разбирање за времето и климата на планетите, гасните џинови, нивната долгорочна еволуција и промените што се во тек, пишува „Саенс алерт“ (Science Alert).
-
Ќе останат ли скопјани повторно без дел од градскиот јавен превоз?
Доколку до четврток не им се исплати поголем дел од долгот, приватните превозници на крајот на оваа недела ќе стапат во штрајк.
-
КИЕЛ Македонија со нова инвестиција во ТИРЗ зоната во Тетово
После повеќе од две години подготовки и изведба, Киел Македонија конечно доби нов и современ производствен објект од 7.500 m2. Неспорниот труд на целокупниот кадар кој во моментот брои 180 вработени се исплатеше.
-
Има 23 години, просек 10.00 и паралелно студира два факултета
Дејан Радуловски од Битола отсекогаш знаел дека историјата е науката на која ќе и го посвети животот пишува Умно.мк Дипломирал со просек 10.00 на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје. Неговиот научен интерес е нововековната историја и веќе е запишан на вториот циклус на студии
-
Повеќе од 5000 прекршоци регистрирани, продолжува поставувањето на камери низ Скопје
Министерството за внатрешни работи интензивно поставува камери на крстосници и булевари низ Скопје како дел од проектот „Безбеден град“.
-
ДЕСТИНАЦИИ СО ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Ова се места кои е добро да ги посетите наесен
Вработените во туристичките агениции сметаат дека иако секој турист има различни афинитети, сепак постојат дестинации како Тунис и Египет каде е попријатно да се патува во есен, за разлика од екот на летото кога температурите се екстремно високи.
-
Отворен повик за А1 WayUp, платена пракса во А1 Македонија
Преку A1 WayUp до кариерен пат и вештини на иднината
-
Грозје имаме, ама млади берачи немаме – лозарите ги фаќа паника
Со приближувањето на сезоната за берба на грозје, лозарите во Македонија се соочуваат со сериозен предизвик: недостиг на работна сила.
-
Оглас за работа кој го згрози интернетот: Компанија бара работнички кои мора да го направат ова со шефот – „Може и без тоа, но...“
Технолошките компании стануваат сè покреативни со своите огласи за работа, но еден полски девелопер сепак отишол предалеку.
-
Како да добиете обесштетување ако сте претрпеле штети од природни непогоди?
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, денеска соопшти за начинот на обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди и други несреќи.
-
Зошто на пилотите не им е дозволено да имаат брада?
Дали некогаш сте виделе пилот со брада? Најверојатно не, бидејќи повеќето авиокомпании не сакаат брада. Според портпаролот на американската Федерална управа за авијација (FAA), брадите и мустаќите можат значително да влијаат на безбедноста на авионите.
-
Македонците и медот – еве колку сркаме годишно
Македонците се познати по својата љубов кон медот, со просечна потрошувачка од една тегла годишно по жител.
-
Денеска е Меѓународен ден на жените возачи: Ова е најголемиот проблем со кој се соочуваат
Денеска, 24 јуни, се слави како Меѓународен ден на жените возачи. По тој повод, жирито за изборот на Светски автомобил на годината, составено од 77 автомобилски новинарки од 53 земји во светот (WWCOTY), укажа на еден од најголемите проблеми на денешницата кога зборуваме за возењето.
-
Овчарот Стојан дошол во српско село од Македонија, чува овци за дневница, наместо часовник го водат сончевите зраци
Стојан Манчевски (57) е еден од ретките овчари на југот на Србија. Во селото Боровац, Бујановац, со години чува овци за егзистенција. Живее со сопственикот чии овци се негови, а како што вели „поминало долго време откако дошол од Македонија“.