Aktualno
-
ПРВИОТ БРАН НА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ И ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ НИ ДОАЃА УТРЕ ПОПЛАДНЕ И НАВЕЧЕР, КАКО И ВО ВТОРНИК: Се очекува значително количество на воден талог
Почитувани, првиот бран на врнежи и тоа поврзан со Средоземниот циклон, кој полека ќе се преместува над Јадранот, ни пристигнуваат утре попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник. Врнежи од дожд ќе има насекаде во Македонија, локално проследени со грмежи и со засилен ветер, најпрвин од јужен и од југоисточен правец, а во вторник од северен правец.
-
Самостојна и независна, богата држава со среќни граѓани- идеалите од 8 Септември
Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.
-
Двајцата астронаути остануваат во вселената, проблематичната капсула на Боинг се враќа на Земјата без нив
Двајцата астронаути на НАСА кои требаше да се вратат на Земјата останаа на Меѓународната вселенска станица (MSS), додека проблематичната капсула Боинг се упати назад без нив.
-
Новите правила за влез во ЕУ не важат ако одите на погреб, на лекување, на суд, на студии, во посета на родителите…
Од 10 ноември на државјаните на околу 60 земји, вклучувајќи ги и балканските, ќе им биде потребен посебен сертификат за влез во ЕУ, како и во Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, кои се дел на Шенген зоната. Почнува да функционира новиот систем за влез-излез – ЕЕС, кој предвидува апликација за влез во земјите на Унијата. Вториот чекор, попознат како Европски систем за информации и овластување за патување (ЕТИАС), ќе бара издавање дозволи за патување и проверка на патниците.
-
Како тргнала работата, ќе немаме ни ајварка ни ајвар
Поради скапиот пипер, изумира традицијата на правење домашна зимница. Годинава, откупната цена на ајварката е 50 денари и таа се продава на зелените пазари по 100 денари за килограм.
-
Секој петти млад човек во Македонија е невработен!
Нешто над 20 отсто од младите луѓе во земјава на возраст од 15 до 29 години се невработени. Овие информации се заклучно вториот квартал од годинава. Активноста за вработување кај младите достигна 45 отсто. Податоците од извештајот покажуваат дека и во однос на полот стапката на невработеност кај младите е речиси идентична, како кај жените така и кај мажите и изнесува околу 23 отсто.
-
Ваучерите за инвертери ќе се доделат
На нив се чека од февруари
-
Како изгледаше гласачкото ливче за референдумот на 8 Септември1991 година?
На референдумот за суверена и самостојна држава Македонија, кој се одржа на 8 септември 1991 година, според официјалните податоци на ДИК, од 1.495.807 граѓани со право на глас, излегле 1.132.981 граѓанин или 75,75% од вкупниот број граѓани со право на глас
-
Зошто идните студенти да го изберат Универзитет Скопје?
Уписите с ево тек
-
Семејството од Росоман земјоделци за пример: И децата помагаат
Суза и Јовица од Росоман имаат три деца и живеат од земјоделие, поточно од градинарски култури под фолии, лозје, а наскоро планираат да подигнат насад и со праски.